Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Димитров за енергетската криза: Владата не им помага на општините затоа што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, а сето тоа е на штета на граѓаните

Професорот Константин Димитров во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот во однос на барањата на општините за справување со енергетската криза вели дека владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се однесуваат осветнички бидејќи најголем дел од општините се под раководство од страна на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Општините не можат да ги покријат трошоците. Тие реагираа и преку почетокот на кризата и преку ЗЕЛС, но владата остана глува како осветнички се однесува кон овие поголеми општини кои се под раководство на ВМРО-ДПМНЕ и таму е главниот проблем. Им викаат еве сега вие победивте и обезбедете средства, вели тој.

ТЕ-ТО Скопје не може да работи на мазут, таа може да работи само на гас.

-Котлите кои се на топлана Исток- Запад тие имаат двојни горилници ако во меѓувреме не ги исекле, немам точна информација. Но, тука исто останува ЕЛЕМ енергетика и тој е еден топлификациски систем. Приспособувањето може да се направи релативно брзо, но ние немаме ни мазут купено, тој треба да стаса, да се приспособи, да се пушти на 15 пробен погон да се наполни системот, да се провери дали некаде ќе протече, тоа е процес на подготовка на зимскиот режим. Но, ќе имаме големо загадување, посочи професорот Димитров. Тој договор со Србија гас за струја е можен, но не знаеме како ќе се договори, смета Димитров.

Димитров посочи дека мазутот се уште не е купен, а Македонија има финансиски проблем, укажувајќи дека стопанството го намалува производството поради високата цена на електрична енергија.

-Колку што знам мазутот ќе го купуваме, но не е купен, не е платен. Значи имаме и финансиски проблем. Ова сега што сакаат да земат кредит мора да помине во собрание. Значи доцниме со се, од каде Македонија пари ако не земеме заем. Од таму каде што можевме да позајмиме евтино гледаат дека немаме производство. Нашето стопанство не може да произведува со овие високи цени на електрична енергија, и го намалуваат производството колку да преживее, а тие го полнат буџетот. Значи не го полни буџетот администрацијата или владата, владата го празни буџетот, рече Димитров.