Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Додека политичарите критикуваат ФФМ се заблагодарува: Почит за сите што два часа навиваа на дожд

Додека политичарите упатуваат критики до навивачите за вчерашното навивање на мечот против Бугарија, ФФМ испрати порака со благодараност.

Драги наши навивачи,

Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.

Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија.

Од првата до последната минута.

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена.

До следниот натпревар, Напред Македонија, порача ФФМ