Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Додик најави ново патување во Русија

Додик ова го кажа по состанокот со рускиот амбасадор во БиХ Игор Калабухов.

„Со рускиот амбасадор Игор Калабухов разговарав за актуелната политичка ситуација и за начинот на решавање на прашањата во врска со гасоводот. На крајот на септември е планирана и моја посета на Русија, каде ќе продолжат разговорите за сите важни проекти кои претходно ги договоривме“, напиша Додик на Твитер.

Додик, на средбата во Бања Лука со рускиот амбасадор во БиХ, кажа дека ситуацијата во државата е целосно блокирана.

„Разговаравме на кој начин да се решаваат прашањата поврзани со гасоводот. Бошњаците во Советот на министри не сакаа да гласаат тоа по 12 години да се најде на дневниот ред. додека сме ние во власта, а верувам дека ќе останеме, нема да помине ниеден проект во БиХ додека не се одобри прашањето за минувањето на гасоводот“, порача Додик.