Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Донфрид во телефонски разговор со Вучиќ остро замерила на потпишаниот договор меѓу Србија и Русија

Од: А1он

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Карен Донфрид, во кој таа „остро замерила на потпишувањето на Договор меѓу министерствата за надворешни работи на Србија и Русија“, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува во соопштението на службата за соработка со медиумите на Вучиќ, „тој и Донфрид во отворен и суштински разговор се согласиле дека во заеднички интерес е да се интензивира билатералната соработка во сите области“, а разговарале е и за решавањето на Косовското прашање, при што Вучиќ ги презентирал познатите и принципиелни позиции на Србија.

-Американскиот помошник државен секретар Донфрид остро го критикуваше потпишувањето на Планот за консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Србија и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Претседателот Вучиќ во оваа прилика посочи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на сите земји членки на Обединетите нации, вклучително и Украина, додека овој принцип не се почитува кога станува збор за територијалниот интегритет на Република Србија, се наведува во соопштението.

Зборувајќи за состојбите во регионот, беше заклучено дека напредокот на регионот почива на зачувување на мирот и стабилноста и дека тоа е приоритет на дејствувањето во Западен Балкан, соопштија од кабинетото на Вучиќ.

Извор: МИА