Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Драма на концертот на Јелена Карлеуша: Местото евакуирано од специјалци (ФОТО+ВИДЕО)

Српската пејачка Јелена Карлеуша одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на настапот стигна анонимна дојава за бомбата.

Како што јавуваат босанските медиуми, пријавата била примена десет минути пред полноќ, по што бил извршен противдиверзантски увид и било констатирано дека нема опасност.

„Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа упадна полицијата и направи евакуација“, изјавил за „Независне новине“ жител на Бања Лука, кој бил на концертот.

Полицијата соопшти дека нивни припадници работат на расветлување на оваа лажна пријава и откривање на лицето што ја упатило.

„Синоќа околу 23 часот и 50 минути непознато лице се јавило преку телефон во Полициската управа Бањалука и пријавило дека во тоалетот во угостителски објект во населбата Ада во Бања Лука е поставена експлозивна направа. Од извршените проверки и прегледот на ПДЗ е утврдено дека се работи за лажна пријава“, навеле од Полициската управа во Бања Лука.