Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија

Од: А1он

Двете српски деца кои се на лекување во софиската болница „Пирогов“ повредени во сообраќајката на автопатот „Тракија“ на 14 август, утре ќе бидат пренесени во Србија. Тоа денеска го соопшти Министерството за здравство на Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Децата ќе бидат превезени со два хеликоптера на Србија со два тима за реанимација. Хеликоптерите ќе пристигнат од Србија на аеродромот во Софија утре изутрина и ќе слетаат на специјално определен простор.

Децата од болницата Пирогов до аеродромот ќе бидат транспортирани со амбулантни возила, придружувани од специјализирани екипи на МВР.

Децата беа повредени на 14 август откако автобус со српски регистарски табли излета од автопатот Тракија.

Извор: МИА