Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Џафери непринципиелно ја отфрли иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ“

„Ние веќе сме влезени во активна блокада во Собранието како што најавивме и ги блокираме сите штетни закони. Најавивме дека нема да блокираме само закони кои што се во интерес на граѓаните, на стопанството, на економијата, тој процес тече. Ја поздравуваме иницијативата на Левица да се праша народот за вакво прашање, но за жал и ние го изодивме овој пат практично поднесовме една иницијатива за референдум, и знаеме како заврши“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков потсети дека иницијативата за референдум поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја одби Талат Џафери односно се дрзна мериторно да одлучува, се повика на член 118 од Уставот и повика дека меѓународен договор не можел да биде менуван со закон.

„Ние во тој момент не поднесовме предлог на закон туку поднесовме предлог за граѓанска иницијатива за референдум, а референдумот се знае дека е непосреден начин на изјаснување на граѓаните. Практично претседателот на Собранието или спикерот Талат Џафери влезе во една политика за заштита на власта на оваа коалиција СДСМ – ДУИ и за жал непринципиелно, мериторно без да ја достави иницијативата до законодавно – правната комисија и до комисијата за политички систем и мериторно одлучи во името на цело Собрание и ја отфрли“, потсети Лефков.

Тој посочи дека сега ќе се види како Талат Џафери ќе одлучи за иницијативата на Левица.

„Ќе видиме дали и оваа граѓанска иницијатива ќе ја има истата судбина и дали уште еднаш ќе постапи на истиот начин Талат Џафери. Ќе видиме како ќе се постави власта кон оваа иницијатива“, нагласи Лефков.