Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ЕБОР и одобри на Албанија заем од 62,9 милиони евра за рехабилитација на железничка пруга што ја поврзува со Црна Гора

Од: А1он

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе кофинансира дел од проектот за рехабилитација на железничката пруга Воре (општина кај Тирана) до преминот Хан Хоти, на границата со Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Во документот во кој се сумира проектот, Европската банка за обнова и развој објави дека краен корисник на заемот во износ од 62,9 милиони евра ќе биде државниот железнички оператор „Албански железници“.

Сума во идентичен износ (62,9милиони евра) владата ќе земе заем од Европската инвестициска банка а неодамна Европската унија, во рамки на економскиот план и вложувања во западен Балкан соопшти дека овој проект ќе го поддржи со 137,9 милиони евра.

Вкупната вредност на проектот се проценува на околу 267 милиони евра.

Албанската влада ќе учествува со 3,3 милиони евра.

Со проектот предвидена е рехабилитација на пругата во должина од 120 километри и реконструкција на 6 железнички станици.

Извор: МИА