Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Еден потег, многу придобивки“ – Виса бонус кампања на Шпаркасе банка

Секој нов примател на плата во Шпаркасе банка добива бонус во висина од 2.000 денари на својата сметка и 6 месеци нема надоместок за користење С или С плус пакет (пакет од мобилно/интернет банкарство со вклучена Виса дебитна картичка).

Со префрлањето на платата во Шпаркасе банка, на клиентот му е ставена на располагање широка палета кредитни и депозитни производи и платежни услуги со атрактивни услови на користење.

Имајќи го предвид фактот дека во ова постпандемиско време корисничките навики на клиентите се движат во насока на преферирање и сè почесто користење дигитални услуги, Шпаркасе банка ги советува клиентите да одберат банка што континуирано инвестира во модернизација и во иновативни услуги, следејќи ги дигиталните трендови во банкарството.

Со Шпаркасе банка, клиентите добиваат сигурен финансиски партнер што ги разбира нивните потреби и се стреми кон едукација на клиентите и ползување на дигиталните канали што се безбедни и лесни за користење за извршување на сите банкарски услуги.

Модернизацијата, зголемената дигитализација и подобрувањето на условите во понудата е трендот што клиентот ќе го почувствува не само при користењето на дигиталните канали, туку и кај процесот на кредитирање, депозитната понуда, електронското потпишување договори, онлајн воспоставување деловен однос со банката и многу други иновации во најава.

Комерцијален текст