Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Еден загинат во тешката сообраќајна несреќа кај Тајмишка раскрсница на патот Кичево-Гостивар

Од: А1он

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Кичево-Гостивар кај „Тајмишка раскрсница“.

dobivaj vesti na viber

На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот на возилото „хјундаи“, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.