Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ексдиректор на училиште гонет за сексуално вознемирување на жени сега работи како инспектор за надзор

Граѓанскиот суд во Скопје лани утврди постоење на насилство од страна на директорот на ООУ Лазо Ангеловски во Скопје кон вработена во истото училиште, соопштија од коалицијата Маргини. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

Информацијата дека ексдиректорот е вратен на старото работно место за „Фокус" ја потврдиле и од Државниот просветен инспекторат, од каде објасниле дека Арсеновски бил вратен на претходното работно место.

„Согласно постојната законска регулатива работно место е во мирување за избрано или именувано лице, а по завршувањето на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Со оглед на тоа што поседува лиценца за инспектор, ги исполнува законските услови во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови“, изјавиле од Државниот просветен инспекторат..

Арсеновски беше разрешен на барање на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски со образложение дека за него имало бројни поплаки, како и дека со неговото однесување предизвикал бурни реакции во јавноста и нанел голема штета на училиштето.

„И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“,  изјавиле од Општина Аеродром.