Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Екстремна“ џулија за вистинските љубители на возењето и во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Совршена комбинација на техничка префинетост и уживање во возењето, алфа ромео џулија естрема се поставува на врвот на гамата и е најблиска до спортската верзија квадрифољо. Ова ниво на опременост е наменето за алфисти кои се „разбираат од возење“, кои постојано бараат вистинска симбиоза со автомобилот. Обожаватели кои помалку се посветени на естетската мускулатура, а повеќе внимаваат на оние технички решенија кои можат да дадат одлична рамнотежа и динамика на возење. Всушност, активното потпирање е стандардно и благодарение на способноста да се прилагоди во реално време на условите на патот заедно со стилот на возење, придонесуваат за исклучителна удобност при возењето без воопшто да го намалат спортското управување и уживањето во возењето“, порачуваат од Аутомобиле СК.

Гледајќи ја однадвор алфа ромео џулија естрема, спортскиот дух е очигледен, благодарение на деталите како карбонски влакна, предна решетка во форма на саќе, големите алуминиумски тркала со нископрофилни гуми, црните шепи на сопирачките и задниот дифузер со две цевки на издувот.

Автомобилот на фотографиите веќе има сопственик, и му посакуваме со здравје да го вози и да ужива во него.

За повеќе информации посетете ја овластената продажна мрежа на Алфа Ромео во Македонија.