Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Електрифицираната астра во хечбек и карван верзија прва ќе ја носи ознаката ГСе (ФОТО+ВИДЕО)

Најистакнати се 18-инчните тркала од лесна легура инспирирани од манта ГСе концептот. Друга разлика е црните детали на браниците и, секако, ГСе значките.

Астра ГСе го има познатиот хибриден погон од други модели на Стелантис, вклучувајќи го пежо 308, кој дава 222 коњски сили и има вртежен момент од 360 њутнметри. Турбобензинскиот 1,6-литарски пјуртек мотор дава 177 коњски сили, а електромоторот има 109 коњски сили. Осумбрзинскиот автоматски менувач ја испраќа силата на предната оска. Слична комбинација веќе има во понудата на астра, но со помала моќност.

Опел не ги објави бројките за перформансите на астра ГСе и астра спортс турер ГСе, но соопшти дека забрзувањето и максималната брзина „се во врвот на своите класи“. Компанијата соопшти дека моделот ќе има „супериорна стабилност во свиоците, при кочење и при возење со голема брзина на германскиот Аутобан“ во споредба со ривалите.

Цените сè уште не се познати, но се очекува ГСе верзиите да бидат најскапи во понудата на астра.