Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ердоган го тужи германскиот политичар кој го нарече „канализациски стаорец“

Адвокатот Мустафа Каплан кажа за ДПА дека во име на Ердоган ја поднел кривичната пријава во државното обвинителство во Хилдесхајм поради навреда и клевета.

Кубицки, политичар од редовите на Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше мигрантската политика на турскиот лидер.

На прашањето на ДПА, заменик лидерот на партијата кажа дека не е загрижен за можниот правен спор со Ердоган.

Според извештајот на магазинот Шпигл, во писмото на Каплан до канцеларијата на јавниот обвинител се тврди дека изјавата на Кубицки била „омаловажувачка за лицето на кое се однесува“ и „незаконски напад врз честа на друго лице“.

Анкара веќе го викна германскиот амбасадор поради изјавата на Кубицки.

„Фактот што Ердоган има околу 200.000 такви постапки почнати од почетокот на својот мандат во 2014 година всушност кажува сè“, кажа денес Кубицки.

Тој додаде и дека канализациските стаорци се слатки, но „паметни и итри“. „Во секој случај, смирено го очекувам можниот правен спор“, додаде германскиот политичар.