Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Естонија ќе го забрани влезот на Русите со туристички визи

Од: А1он

Естонија планира да им забрани на руските државјани кои поседуваат шенген визи издадени од балтичката држава да влезат во земјата поради руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Естонскиот министер за надворешни работи, Урмас Реинсалу, по состанокот на владата на 11 август изјави дека иако визите издадени од неговата земја ќе останат валидни, тие нема да бидат прифатени за влез во Естонија.

Естонија престана да издава нови туристички визи за Русите веднаш по инвазијата на Украина во февруари, освен во случајот со семејствата на естонските граѓани.

Реинсалу нагласи дека одлуката влијае само на проценетите 50.000 визи издадени од Естонија, додавајќи дека владата планира во наредните денови да разговара за начините за забрана на влез на сите руски граѓани во Естонија.

Министерот исто така рече дека имателите на визи издадени од Естонија ќе можат да влезат во други земји од Шенген.

Овој потег не ги засега дипломатите и членовите на нивните семејства, поединците вклучени во меѓународниот транспорт, лицата кои треба да ја посетат Естонија од хуманитарни причини или блиските роднини на естонските граѓани и постојаните жители.