Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Европска политичка заедница како замена за ЕУ или само уште еден европски форум

Во Прага ќе учествуваат шефовите на државите членки на ЕУ, западнобалканските држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина), и други - Украина, Турција, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан.

Организатори на основачкиот самите се претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и Петр Фиала, премиер на Чешка, земја која претседава со ЕУ.

Целта на новата заедница  е „третирање на прашања од заеднички интерес заради зајакнување на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на европскиот континент“. Во Прага ќе се дискутира и за безбедноста, енергијата и климата, економската ситуација и миграцијата.

Овој форум е на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во мај годинава во Стразбур истакна дека руската агресорска војна против Украина отвора „нов простор за политичка соработка, безбедност и кооперација“. Во него би требало да припаѓаат сите демократски земји „кои го споделуваат европскиот вредносен темел“, изјави тогаш Макрон.

Ова веднаш беше протолкувано како алтернатива за проширувањето на ЕУ.

Во Прага ќе учествува македонскиот премиер.

Од ЕУ велат дека целта на ЕПЗ е да се создаде платформа за политичка координација за сите земји на широкиот европски континент, да им се овозможи да се координираат и да комуницираат за сите теми за кои имаат заеднички интерес за да се обезбедат стабилноста и безбедноста на континентот.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по објавата на оваа идеја од Макрон, изјави дека поканата за членство во оваа заедница треба да се отфрли и дека Македонија не треба да се задоволи со „втора лига“.

Ковачевски смета дека членството во овој сојуз нема да ги развлече преговорите за влез во ЕУ, туку може да биде од корист за нас како држава со амбиции да стане дел од ЕУ.

Оваа идеја е поддржана и од германскиот канцелар Шолц.