Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против обвинителите кои беа дел од претресот минатиот месец

Од: А1он

Управата за финансиска полиција информираше дека е поденсена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители за кои како што велат сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

dobivaj vesti na viber

– Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка се вели во информацијата од Управата за финансиска полиција.

Финансиската полиција најави дека ќе поднесе кривична пријава против обвинителите кои беа дел од претресот во институцијата за кој директорот Арафат Муареми тврди дека бил незаконски и ја најави кривичната пријава.

Обвинителката Вилма Русковска деновиве се пожали на притисоци во нејзината работа, а за тоа побара помош од странските амбасади во земјава.