Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фирмите што ги нуди Мицкоски нека ги достават понудите, одговори директорот на ЕСМ

„Изминатиот период, а особено вчера лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со кои што државата ќе заштеди 300 милиони евра. Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена“, рече директорот на ЕСМ.

Тој го повика Мицкоски да ги информира фирмите од кои има индикативни понуди, своите понуди да ги достават до АД ЕСМ и ги наведе условите кои треба да ги исполнат: 

- технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас),
- да ги имаат сите сертификати,
- да ги имаат сите потребни лиценци,

- да имаат договори со испорачатели,
- да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во Скопје)
- да имаат динамика на испорака согласно производниот план
- да имаат обезбедено банкарска гаранција.

„Впрочем, ова се критериуми и услови кои и досега се барале, во сите јавни набавки на овие енергенси. Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ“, нагласи Ковачевски.

Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори, додаде директорот и нагласи:

„Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра. Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката“.