Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фон дер Лајен: ЕУ може да смета на испораки на гас од САД и Норвешка

Од: А1он

Европската унија се очекува денеска да постигне договор за новите санкции против Русија предложени од Европската комисија поради таканаречените референдуми во Украина што ги распиша Москва, како и поради мобилизацијата што ја најави Кремљ. Тоа пред Европскиот парламент го соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на Европската комисја Урсула фон дер Лајен најави дека ќе предложи општ договор за снабдување со гас и преговори за пониски цени со сигурни добавувачи. Според неа, ЕУ може да смета на испораки на гас од САД и Норвешка.

Фон дер Лајен прецизираше дека од почетокот на руската војна во Украина, ЕУ ја намалила употребата на гас за десет проценти. Уделот на испораките на руски гас е намален од 41 отсто во февруари на 7,5 отсто во моментов. Европските складишта за гас се полни и до 90 проценти, посочи таа.

Извор: МИА