Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ФОТО: Автомобил падна во Вардар, внатре најверојатно имало луѓе и по нив се трага

Автомобил падна од мост во реката Вардар, движејќи се на патот с. Желино кон Тетово.

Случајот бил пријавен преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи.

Според информациите, возилото што паднало во водата е „голф 4“ со кумановски регистерски таблици. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите.

„ Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оствари комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС. МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с. Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес. Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе патници“ наведува ЦУК.