Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ФОТО: Икарди се огласи демантирајќи ги проблемите со сопругата Ванда Нара и позира заедно со неа: „Неспособни и злонамерни луѓе се обидуваат да ме дискредитираат“

Никогаш од фудбал не отсуствува поради лични причини, а проблеми лични – нема, ова е одговорот на Аргентинецот кој се налути на отровните зборови упатени до него, дека поради проблеми во бракот, отсуствувал од натрпеварот против Клермон.

Преку социјалните мрежи, аргентинскиот фудбалер сакаше да ги демантира гласините за негово исклучување од триумфот на ПСЖ на мечот против Клермон во саботата вечерта од лични причини, токму поврзани со неговиот брак со Ванда Нара кој наводно е во тешка криза. Имено, медиумите се се погласни за развод кој е на пагот на фудбалерот и шоу-девојката.

Сепак, овие гласини претставуваат уште еден предизвик за фудбалерот, гласини кои и во минатото честопати беа причина за проблеми, на овој пат тој реши да одговори соодветно преку социјалните мрежи:

„Престанете да измислувате работи, одлуката да не ме повикаат беше чисто техничка. Не заминав поради лични проблеми бидејќи немам такви проблеми, и ги почитував сите тренинзи. Фудбалот продолжува да ми е приоритет и работа за која ме плаќаат. Она што нема да го толерирам е дека неспособни и злонамерни луѓе се обидуваат да ме дискредитираат. Заштедете време и пред да пишувате и да се скриете зад екран или весник, дознајте за реалноста. Ако денес одам на Ибица со семејството, тоа е затоа што во мојата работа ни дадоа слободни денови и секој ги поминува како сака и со кого сака, избирајќи ја својата судбина“, вели Икарди.

Во меѓувреме, Икарди постираше фотографија од Ибица на која позира заедно со Ванда и така ги затнува устите на злонамерните луѓе.

Icardi posted a photo with Wanda from Ibiza and denied divorce rumors: “I have no personal problems”🤔#PSG #Icardi #Wanda pic.twitter.com/1NkZlFIyVo