Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ФОТО+ВИДЕО: Дали би пробале? Сладолед од кечап, мајонез и уште многу необични вкусови

Многу жители на Лондон за полесно да ги поднесат високите температури, се подготвени дури и да пробаат сладолед со малку необичен вкус, од кепач и мајонез.

Вкусови има различни, од пченка, компир, со активен јаглен, пиво, ракија и многу други, но сега на ред се кечапот и мајонезот и гравот.

Сладоледите се дело на Анња Хиндмаш која како главни состојки ги користи некои од најбараните зачини и готови јадења за подготовка на овие нетрадиционални вкусови.

-Дојдовме рано утринава, бевме возбудени дека ќе ги пробаме овие неверојатни вкусови, вели еден од купувачите.

-Мислам дека најчудни веројатно ќе бидат кечапот и печениот грав. Тоа е многу необично.

Планирано е овој неверојатен потег на трае до 28 август, а една од вработени нагласува дека залихите кои биле предвидени за шест недели биде продадени за само четири дена.