Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Франција сака целосна контрола врз најголемиот производител на електрична енергија во земјата

Од: А1он

Франција иницираше постапка за преземање на преостанатите 16 отсто од акциите во водечкиот домашен производител на електрична енергија што се уште не се во државни раце, соопшти Националниот регулатор за финансиски пазари.

dobivaj vesti na viber

Државата доставила поедноставена понуда во првиот чекор од постапката, што има за цел исклучување на акциите на „ЕДФ“ од пазарот. Според информациите објавени на фанцуските медиуми, за акциите Владата ќе плати 9,7 милијарди евра.

Потегот на француската Влада се толкува како составен дел од планот за зголемување на производството на електрична енергија во нуклеарните централи, кои веќе произведуваат најголем дел од електричната енергија во Франција.

Претседателот Емануел Макрон уште во март го најави преземањето на преостанатиот удел во „ЕДФ“, а премиерката Елизабет Борне летото соопшти дека целта е да се обезбеди францускиот суверенитет, во контекст на војната во Украина.

Извор: МИА