Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Француската влада го претстави буџетот за 2023 година за „заштита“ на домаќинствата

Француските министри за економија и за финансии Бруно Ле Мер и Габриел Атал денеска го претставија буџетот за 2023 година, кој треба да ги штити домаќинствата од наглиот пораст на инфлацијата, но исто така го зема предвид, како што велат, императивот за стабилизирање на јавните финансии, јави дописникот на МИА од Париз.

Ле Мер и Атал информираа за деталите за Буџетот за „заштита“ и притоа настојуваа да покажат дека целосно го преземаат прашањето за инфлацијата, поврзано со зголемувањето на трошоците за енергија.

Тие потврдија дека зголемувањето на сметките за електрична енергија и гас на почетокот на 2023 година ќе биде ограничено на 15 отсто (наместо 120 отсто доколку не се преземат мерки) и дека 12 милиони помалку богати домаќинства ќе добијат енергетски ваучери.

Министрите, исто така, уште еднаш ја поздравија нивната одлука за индексирање на скалата на данокот на доход со инфлација, со што ќе се избегне зголемување од 6,4 милијарди евра дополнителни давачки за домаќинствата, како и укинувањето придонес за ДДВ за претпријатијата-за две години, одлука која многу ги разочара компаниите. „Ова треба да им овозможи на компаниите да се вратат во Франција“, рече шефот на Берси, отфрлајќи дека „сепак би било парадокс доколку земјата е најпривлечна за странските инвеститори, а не за француските компании“.

Од друга страна, министрите посочија дека јавниот дефицит ќе биде задржан на 5 проценти од БДП следната година, на исто ниво како и во 2022 година. „Ниту долгот нема да се промени на 111,2 отсто од БДП по 111,5 отсто во 2022 година. Заштитата на Французите значи и заштита на нашите јавни финансии“, истакна Атал.

„Раст, активност и целосна вработеност: оваа линија отсекогаш била наша, да падне под 3 отсто јавен дефицит во 2027 година. Излеговме од тоа без оглед на цената, не треба да се враќаме на тоа и одбивам луѓето да кажат дека паѓаме на лесен начин или дека не сме одговорни“, рече министерот за економија.

Берси предвидува пад на обемот на расходите (без инфлацијата) од 2,6 отсто во периодот 2022-2023 година и планира да ја намали тежината на јавната потрошувачка од 57,6отсто од БДП на 53,8 отсто во текот на петгодишниот мандат, „напор без преседан од пред 20 години“. „Оваа цврстина и оваа доследност во секој случај се суштински кога имаме 10-годишни стапки на задолжување од 2,5 отсто“, додаде министерот за економија.

Бруно Ле Мер рече дека реформите на кои се обврза извршната власт ќе бидат добро спроведени: онаа за осигурување од невработеност, но и за пензиите. „Целосно е можно да се спроведат фер и ефективни реформи во разумна временска рамка. И дотолку повеќе што претседателот на Републиката доби мандат од францускиот народ да ја спроведе оваа реформа“, рече Ле Мер. Тој не исклучува структурни реформи ниту за намалување на расходите.

Во меѓувреме, 10.000 дополнителни државни службеници ќе бидат регрутирани следната година за да се исполнат приоритетите поставени од Емануел Макрон, во образованието, безбедноста и правдата. „Овој буџет ја држи цврсто економската линија која отсекогаш била наша, валоризација на работата, конкурентност на компаниите, заштита на Французите, енергетска транзиција“, истакна Бруно Ле Мер.

Се очекува презентираниот текст да има тешкотии да помине во Парламентот, во контекст на релативното мнозинство во Националното собрание, како и тоа што извршната власт во исто време го презентира својот нацрт-закон за финансирање на социјалното осигурување во кој може да се воведе амандман за контроверзната пензиска реформа.