Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Фрчеле“ казни во Скопје: Санкционирани се скоро 200 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила“, информираат од МВР

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Од полицијата апелираат до граѓаните почитување на сообраќајните правила и прописи.