Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Фрчеле“ казни за скопјани: Санкционирани над 160 лица

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)“, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додаваат од МВР.