Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Германија одобри извоз на оружје во Саудиска Арабија

Информацијата за испораката ја објави министерот за економија Роберт Хабек во писмо до одборот за економија на германскиот парламент. Извозната дозвола, според писмото, е составен дел од заедничката програма на Германија, Италија, Шпанија и Британија.

Ова е прв случај во мандатот на коалициската влада да е искористена можноста за изземање и одобрен е извоз на оружје на Саудиска Арабија, која е контроверзен купувач.

Опремата и  муницијата за авионите „јурофајтер“ и „торнадо“ се вредни 36 милиони евра. Саудиска Арабија ќе добие и резервни делови за ербас А330 МРТТ во вредност од 2,8 милиони евра, кои ќе бидат испорачани во рамки на европскиот проект на соработка.

Поранешната германска влада на чело со канцеларката Ангела Меркел го прекина извозот на оружје на Саудиска Арабија, меѓу другото поради војната на кралството во Јемен и убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Сепак, се дозволуваа исклучоци за заеднички проекти со партнерите од НАТО, пишува агенцијата ДПА.

Претседателката на одборот на германскиот парламент за надворешна политика од редовите на Левица Севим Дагделен остро ја критикуваше дозволата, нарекувајќи ја криминална.

„Очигледно е дека повеќе не се воздржуваме да ги вооружуваме авторитарните режими и да ги разгоруваме војните низ светот“, кажа Дагдален.

ДПА потсетува дека канцеларот Олаф Шолц минатата сабота ја посети Саудиска Арабија за да преговара за увоз на енергенси.