Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Германска партија ги налути Евреите: Им честиташе верски празник со фотографија од исламско светилиште

Од: А1он

Социјалдемократската партија (СПД) на германската покраина Хесен ги налути Евреите честитајќи им верски празник со фотографија од исламско светилиште.

dobivaj vesti na viber

„Вечерва започнува Јом Кипур, најголемиот еврејски празник. Јом Кипур е ден на помирување на Германците, кој се одбележува строго без работа и со пост. На сите Евреи им посакуваме „Gmar Chatima tova!“, порача СПД Хесен преку социјалните мрежи, но со фотографија од Куполата на карпата.

Куполата на карпата се наоѓа во Ерусалим, но е исламско светилиште. Според научниците, куполата на карпата била формирана за да го покаже триумфот на исламот над Евреите и христијаните.

Раководството на СПД од Хесен дури по бројните негативни коментари ја забележа нивната грешка и им се извини на Евреите.

„Како раководител на информативната служба и портпарол на СПД Хесен лично и во име на институцијата сакам да се извинам за оваа грешка, која никогаш не требаше да се случи“; – истакна Кристоф Геринг на Твитер.

Тој додаде дека во моментов се анализира кој е одговорен за грешката и зошто контролниот механизам не функционирал.

„Едно е сигурно, а тоа е дека ни се случи страшна грешка, која со право треба да се критикува“, нагласи тој.