Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Германскиот амбасадор го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“, Анкара реагираше

Од: А1он

Министерството за надворешни работи на Турција го повика на средба германскиот амбасадор во Анкара  поради неодамнешната изјава на потпретседателот на Бундестагот и Партијата на слободата на Германија (ФДП), Волфганг Кубицки, кој го нарече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, „мал канализациски стаорец“.

dobivaj vesti na viber

На изборниот митинг во Долна Саксонија, Кубицки го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“, мислејќи на неговата политика кон мигрантите.

Министерството за надворешни работи на Турција ја осуди оваа навреда, пренесува Танјуг.

Ироничен одговор на Кубицки

„На Кубицки целосно му недостасува политички морал и одговорност“, велат од Анкара.

Кубицки иронично одговорил: „Стаорецот од канализацијата е мало, убаво и многу паметно суштество, кое се појавува и во детските приказни“.

„Ердоган со својата политика кон мигрантите освои поволен договор со Европската унија за Турција.

„Истовремено, гледаме дека бранот мигранти преку балканската рута повторно расте, што е нов предизвик за германската надворешна и внатрешна политика“, рече Кубицки.