Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Голема забава во семејството на славниот фолкер: Се славеа полнолетството на синот и првиот роденден на ќерката

Фолкерот Дадо Полумента пред неколку дена организираше гала прослава во Нови Сад, за која имаше двојна причина – осумнаесеттиот роденден на неговиот син Доријан од првиот брак, но и првиот роденден на ќерката Алиа, која ја имаше со сопругата Ивона.

Семејството позираше во бело, со насмевки на лицата, а за гала забавата се уште се зборува.

„Голема благодарност до нашите семејства, сите наши пријатели што ни ја направија радоста на Доријан и Алиа поголема“ – рече Дадо по повод големата забава.

За потсетување, Ивона Полумента се породи минатата година во Нови Сад. Името Алиа е од арапско потекло, а неговото значење е „убавина“, „прва“, „избрана“. Она што е интересно е што постарата ќерка на пејачот и неговата сопруга се вика Алеа, а имињата на нивните наследнички се разликуваат само за една буква.

Пејачот во бракот со Ана Марија Кикош го доби синот Доријан.