Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Градежни работи на патот Велес – Градско и од Ново Лагово до Боротино, вонреден сообраќаен режим

Од денеска започнуваат градежни зафати (асфалтирање) и на патниот правец R2339 од Ново Лагово до Боротино, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 9 до 16 часот секој ден освен недела. Се препорачува на учесниците во сообраќајот кои ќе се движат кон Галичани да се упатуваат кон Беровци, а оние учесници во сообраќајот кои ќе се движат кон Боротино да се упатуваат кон Веселчани.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.