Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Груби организира нова прослава на Рамковниот договор, овојпат за 70 илјади евра

„Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и почнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, пишува на фејсбук-страницата на Министерството за политички систем.

Од таму додаваат дека овој музички фестивал би можел да прерасне во неколкудневен музички настан по примерот на Егзит во Нови Сад.

Во меѓувреме Антониа Гиговска го откажа настапот бидејќи, како што вели младата пејачка, не знаела дека настанот е од политичка конотација. На нејзино место веднаш е уфрлен Владо Јаневски. Концертот ќе се одржи в сабота, а покрај Владо Јаневски, ќе настапат Нора Истрефи, Ермал Фејзулаху, Луми Б, Фифи и други.

Во рамки на прославата се одржува и школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”.

Од Министерството за политички систем велат дека и покрај тоа што се наоѓаме во економска криза, овој договор е темел на државата и треба да се слави и во иднина.

Лани за прославата на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор беше распишан меѓународен тендер во вредност од 30 милиони денари – 500 илјади евра.