Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

И хеликоптер вклучен во потрагата по возачот на автомобилот кој вчера беше извлечен од Вардар

Од: А1он

Се интензивира потрагата по возачот на автомобилот Голф кој вчера беше пронајден и извлечен од Вардар кај тетовско Желино. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во потрагата се вклучени и повеќе луѓе, а од денеска од 13.30 часот се трага и со хеликоптер на МВР. Од вчера во водите на реката човекот го бараат нуркачи.

dobivaj vesti na viber

Од ЦУК соопштуваат дека во потрагата се вклучени дополнителни полициски сили од неколу полициски станици, лица од Црвениот Крст, доброволци како и припадници на единицата ЕБР.

Несреќата се случи вчера попладне кога беше пронајден автомобилот кај мостот во селото Желино.