Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

И леб и млеко и зејтин, сѐ ќе има, вели Николовски

Покрај основните и дополнителните субвенции, за млекопроизводителите преку Интервентниот фонд се обезбедени уште 140 милиони денари, рече Николовски.

Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври 2021-ва до 30 септември годинава.

Мерката е усвоена на денешната владина седница. Како што објасни Николовски, 140-те милиони денари се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот зашто се навреме побарани.

„Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоците и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата, потенцира министерот.

Тој повтори дека веќе се исплатени 670 милиони денари на над 20.000 сточари, а до 31 декември годинава сите долгови кон сточарите по основа на субвенции ќе бидат целосно исплатени.