Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Идната кралица Камила сака да стави крај на една традиција што ја обожуваше Елизабета Втора – како ли ќе реагира цела Британија?

Смртта на кралицата Елизабета Втора донесе многу промени во кралското семејство, а меѓу другото се најавува дека ќе бидат отпуштени околу 100 луѓе. Станува збор за оние кои биле вработени во поранешната резиденција на Чарлс и Камила, со оглед дека сега се во Бакингемската палата, а познато е и дека кралот Чарлс сака да ја намали монархијата.

Во тоа му помага и сопругата Камила, која исто така ќе и укине една од омилените кралски традиции на Елизабета Втора, дамите од дворот. Во текот на сите години од нејзиното владеење, кралицата имала дворски дами кои и помагале во сè, од администрацијата, изборот на нејзината гардероба, до организирањето на разни настани. Важен детал е што сите овие жени се од богати семејства, а не добиле пари за своите обврски.

Инаку, право да имаат дворски дами имаа и Камила и Кејт Мидлтон, но и двете решија да се откажат и не сакаа да ја продолжат традицијата на кралското семејство, а сега се чини дека Камила дефинитивно ќе го укине она што со децении го почитуваше и го сакаше кралицата Елизабета.

Инаку, Камила Паркер не е најомилениот член на семејството, а посебна нетрпеливост кон неа покажува сестрата на Чарлс, принцезата Ана, која отворено ги кажува своите ставови и верува дека Камила никогаш нема да биде добра кралица.