Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Идната премиерка на Италија: На Тито да му се одземе орденот, тој е одговорен за колеж

Нејзината партија Браќа на Италија израснала од Социјалното движење (МСИ), а го формирале поддржувачите на Бенито Мусолини по неговата смрт во април 1945.

Мелони инсистира дека во нејзината партија која има евроскептична, националистичка програма „нема место за носталгија по фашизмот“. Сепак, ги отфрла повиците од партиското лого да го отстрани пламенот во боите на италијанското знаме преземен од логото на неофашистичката МСИ.

Во меѓувреме, почнаа да се објавуваат некои нејзини претходни изјави кои се однесуваат на Хрватска и поранешна Југославија.

„Јас секогаш бев против влегувањето на Хрватска во ЕУ сè додека не дојде до враќање на имотите на Италијанците. Да не зборувам за враќањето, директно, на Истра и Далмација“, кажа своевремено Мелони, кој пред неколку месеци објави статус за Јосип Броз Тито.

„Апсурдно е да му се укажува чест некому кој е одговорен за колеж на Италијанци. Браќата на Италија уште одамна претставија предлог закон за да се стави крај на овој срам. Жртвите и нивните најблиски заслужуваат почит и правда: веднаш да му се одземе орденот на Италијанската Република на маршалот Тито“, напиша Мелони во февруари оваа година на својот профил на Фејсбук.