Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Имале забрана за возење, а возеле, казнети 18 лица

„Вчера во периодот од 14 до 18 часот СВР Битола спроведе регионална акциска контрола за управување на моторни возила за време на активна забрана за управување или кога забраната не е запишана во возачката дозвола. Акциската контрола се спроведе на подрачјето на Битола, Демир Хисар и Ресен при што беа констатирани 18 прекршоци од страна на возачите по однос на акциската, од кои 5 бесправно управувале со моторно возило, 10 мерки со забрана која не е запишана во возачката дозвола, констатирано едно кривично дело по чл. 380 од Кривичниот законик, односно употреба на исправа со невистинита содржина, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и три останати прекршоци. Притоа, 12 возачи биле исклучени од сообраќај, а на 10 возачи им биле одземени возачките дозволи“. соопшти МВР.