Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Истекувањето од гасоводот Северен тек загадува како третина Данска

Боцау изјави дека истекувањето на гасот од гасоводот приближно достигнува 32 отсто од годишната данска емисија на јаглерод диоксид. Данската емисија на јаглерод диоксид во 2020 година се проценува на 45 милиони тони.

„Сè додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, кажа Боцау.

Не кажа кога ќе може да се нурне и да се види во каква состојба се цевките, за кои кажа дека се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и дека се обложени со бетон.

Цевководите лежат релативно плитко на морското дно, на 70 до 90 метри длабочина, од каде гасот избива на површината.

Сеизмолозите во вторникот кажаа дека во Балтичкото Море се регистрирани експлозии и дека потоа е откриено невообичаено истекување на двата крака на гасоводот.

Се сомнева во саботажа, а некои европски функционери и експерти за енергетика велат дека Русија веројатно е виновна бидејќи има директна корист од повисоките цени на енергијата и економската загриженост низ Европа. Русија ги отфрли тие тврдења како нелогични, бидејќи може кога сака да го сопре гасот низ гасоводот.

Истекувањето на едниот крак на Северен тек е во данската економска зона, додека другиот крак истекува во шведската зона.