Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ја запали сцената на Евровизијата во соседна Србија – во меѓувреме гркинката се омажи и роди три деца, денес не личи на себе (ФОТО)

Во 2008-та година Евровизија се одржуваше недалеку од нас и тоа во соседна Србија, откако една година претходно Марија Шерифовиќ им ја донесе првата победа на Србите.

На сцената во Белград се појави и тогашната претставничка на Грција, Каломира Сарантис која буквално го привлече целото свое внимание и пред почетокот на шоуто во мај.

Таа со месеци наназад беше топ тема во регионот, па буквално фановите едвај чекаа да го видат нејзиниот настап на сцената.

Таа е родена во Њујорк, а нејзините родители таму имаат грчки традиционален ресторан, во меѓувреме на пејачката и се случија и неколку убави работи и животни промени.

Во 2010 година се омажи за Џорџ Боусалис со кого има три деца, близнаци и ќерка која на свет ја донесе во 2016-та година.