Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ја запроси на трибините на натпреварот на Партизан, па пукна брука на големиот екран во салата – по ова следуваше молк од публиката (ВИДЕО)

Запросувањето е посебен момент во секоја успешна врска, а момците често избираат јавни места за да направат нивните дами да се чувствуваат посебно во оваа посебна пригода. Една од ваквите интересни ситуации се случи на кошаркарскиот натпревар меѓу Зенит и Партизан во ВТБ Купот!

За време на една пауза, гледачот решил да ја запроси својата девојка. Камерите го снимија тој момент, а се беше прикажано на големиот екран во салата.

Сепак, реакцијата на девојката не беше очекувана. Таа само одмавна со главата, по што момчето само се оддалечи. Свесна дека многу луѓе гледаат во неа, девојката потоа ги покрила очите со рака и ја наведнала главата.

Prosidba propala na meču Zenit-Partizan: Ne bismo bili u koži ovog momka 🫠 🎥 Mozzart sport pic.twitter.com/VvUWkMTXX6

— Balkan Sports (@BalkanSports) September 25, 2022

Кога е во прашање натпреварот, Партизан загуби од Зенит со резултат 81:65. Избраниците на Жељко Обрадовиќ потоа беа поразени од Уникс со 77:83.