Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Јанчева: Проектите во Скопје стојат заради бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ

Од: А1он

Цела година Скопје стои во место поради лични и бизнис интереси на шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ. По 11 месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, повеќе од јасно е дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место рече на прес конференција координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје Љубица Јанчева.

dobivaj vesti na viber

Наместо за скопјани, се правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно се скараа. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Арсовска, и ги собираше потписите, заедно тераа кампања и ветуваа проекти пред Скопјани. Сега ја знаеме причината зотшо ништо не е релиаизрано – локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, се занимава со тендери и лични интереси. Ги повикуваме Мицкоски и градоначалничката Арсовска да ги исполнат обврските што ги презеле пред граѓаните или да излезат и им се извинат за тоа што ги излажаа на локалните избори во 2021 година вели Јанчева.