Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Јапонија само за македонското здравство даде близу 4 милиони евра, нова опрема и за Здравствен дом Скопје

Амбасадорот на Јапонија, Севада Хиронори денеска оствари средба со директорот на ЈЗУ Здравствен Дом во Скопје, Виктор Исјановски, организацискиот директор на ЈЗУ Здравствен дом во Скопје Бесим Кока и менаџерката на оваа установа, Милица Бубало, при што разговараа и за можностите за идна соработка.

По средбата, директорот Исјановски изјави дека оваа донација директно придонесува до подобрувањето на условите за давање на здравствени услуги на граѓаните на Град Скопје и околните населени места.

Тој информираше дека во текот на 2021 година, службата за итна медицинска помош направи 6,485 ЕКГ записи, 3,362 интервенции кај сообраќајни незгоди и трауматски повреди со употреба на спинална даска и 5,162 медицински транспорти на пациенти на територија на Град Скопје.

„Здравствен дом со помош на проектот за грантови преку Амбасадата на Јапонија ќе допринесе за подобрување на медицниската опрема во примарната здравствена заштита и итната помош. Благодарност за донацијата, со која ќе обезбедиме повисоко ниво на давање здравствена заштита и поголема бебзедност за сите пациенти“, изјави Исјановски.

Во име на Здравствениот дом Скопје и во име на вработените од оваа установа, директорот Исјановски му предаде благодарница на јапонскиот амбасадор.

Јапонскиот амбасадор Савада изјави дека минатата година со оваа донација беа извршени 6.485 прегледи на пациенти со градна болка, а новите спинални имобиризатори беа употребени во 3.362 интервенции, при сообраќајни незгоди и трауматски повреди.

Со оваа донација, како што рече, Јапонија помогна да се пружи итна медицинска помош и на 8.962 пациенти со ковид-19.

Како што додаде, преку ЏЏП Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од над 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и итна помош. Исто така, во последните две години Јапонија ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за сто пациенти со ковид-19.

Преку проектите од програмата за мали грантови, Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 72 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбедила 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина.