Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кадиров со нов предлог – да се мобилизираат половина припадници на руските безбедносни сили за Украина: „НАТО и Западот ќе се изморат од броење“

„Дури и ако ги отстраниме резервистите од приказната, сè уште имаме огромен број припадници на државните служби кои на овој или оној начин се во добра физичка форма и се вешти со оружје“, наведе Кадиров.

Тој објасни дека мисли на припадниците на министерството за вонредни ситуации, руските воени маршали, обезбедувањето, гардистите, разузнавачите, затворските чувари, граничарите и припадниците на истражните органи.

„Во комбинација со воените и безбедносните служби, станува збор за бројка од пет милиони луѓе, кои редовно минуваат физички тестови. Доколку оставиме 50 отсто од персоналот на своите работни места, тогаш преостанатите 50 отсто се 2,5 милиони луѓе, да се прегази каква било армија од Западот. Резервистите нема да бидат потребни“, додаде Кадиров.

Чеченскиот лидер вели дека шефовите на овие сојузни агенции треба веднаш да почнат со планот.

„Русија е голема земја, има толку ресурси што НАТО и Западот ќе се изморат од броење, а воениот персонал е многу поголем од што може да се замисли“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември нареди делумна мобилизација, а според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, 300.000 луѓе ќе бидат повикани во резервисти, главно оние кои имаат искуство во борба и вештини кои се бараат во армијата.