Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

Од: А1он

Христијан Мицкоски денеска се обиде да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде се правдаше за неговите хидроцентрали. За се’ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не рече на прес конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

– Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“. Има документ што тоа го потврдува. Таа фирма заедно со фирмата „Минка ДА“ го формира конзорциумот „Минка – Енерготек“. Овој конзорциум добил државно земјиште за хидроцентрали во време кога Мицкоски е советник за енергетика во Владата. За за ова има документ. Денеска, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните вели Каевски.