Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Каевски: Нема нови договори и нови обврски, Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски одговараше на новинарски прашања по прес-конференцијата за медиуми и кажа дека Македонија веќе ги почнала преговорите со Европската унија (ЕУ).

„Денеска видовме и една слична прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ којшто повторно се обидуваат пеку лаги , дезинформации, измислици да го нарушат процесот, да створат недоверба кај граѓаните за процесот со ЕУ.

Јасно кажавме и повторно ќе потенцираме дека нема никакви нови договори, никакви нови документи, никакви нови обврски за нашата држава надвор од протоколот“, вели Каевски.

Каевски кажа дека Република Македонија ги започна преговорите со ЕУ и секако следи процесот со ЕУ и сите придобивки којшто произлегуваат од него.