Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Како арачиновските пилоти станаа платени војници?

На дивиот северен запад се’ е можно. Во паралелниот свет на Македонија, една забегана димензија што „северна“ ја викаат, најнова шема е наградната игра – „Не плати струја и добиј вработување во АРМ!“ Во оваа луцидна направија, рецептот за успех е повеќе од едноставен. Се’ што треба да направиш во животот е да имаш партиска книшка од СДССС или ДУИ. Оние од ДС, ЛДП и ДОМ се исто така на цена, ама не како првите…

Во таа северна направија, не ти треба ум, IQ, школо или квалитет. Јок. Таму, луѓето со овие квалитативи си одат од државата или работат како инкасатори или на тезга. Се’ што ви треба е да немате проблем по цел ден да верглате „северна“ и да гинете за ненародната партија и нејзината тендер-кауза.

Во Арачиново, пак, каде до вчера се продаваа куќи во пакет со доживотно платена вода, струја и интернет, за децениското неплаќање на сметките добивате и награда. Се сеќавате на емисијата на МТВ „Секоја сабота добивки без работа“ во која ако бевте редовен плаќач на радиодифузна такса можевте да добиете награда и да ве извлечат во живо? Подоцна името се смени во „Даровизија“. Да, не толку дамнешни времиња…

Епа, северџганистанската влада чиј единстен „успех“ во овие пет години страховладеење е токму укинувањето на таа фамозна радиодифузна такса, сега измисли нова наградна игра, нова „Даровизија“, сега-засега локализирана во Арачина. Се’ и се’ само да ги одоброволи своите гласачи од албанскиот блок, бидејќи оние од македонскиот се’ повеќе се намалуваат и по „Францускиот“ бугарски предлог се’ појасно сфаќаат со какви антимакедонски суртуци си имат работа.

Значи, ако сте од Арачиново и имате книшка од СДССССС, небото ви е граница. Одите кај локалниот партиски суруш, се пријавувате за платен војник и оп, си станувате. Чиста работа, нели?

Туку, една работа не’ мачи, абе сон не ни дава. Како тоа волку „ниско“ паднаа стандардите на северните социјалдемократи? Па нели од арачиновци ќе правеа пилоти? Како сега толку рапидно падна критериумот и 300-те пилоти ќе ги прават платени војници? Не е убаво, нели? Класична деградација на арачиновци, арам…

Замислете само, ви ветуваат дека ќе бидете пилот, гласате за СДССССС, а тие ве лажат и не станувате пилот туку „беден“ платен војник со 30-на илјади плата? Не им е лесно во Арачиново, на целото неплаќање струја, вода и комуналии, вака на суво да ве превеслаат.

Очебијно, Таче сигурно оди, гази по стапките на менторот Црпко, ама исто како и со Бугарите и во Арачина отиде подолу. Од пилоти ги направи војничиња. Затоа, ако се сомневавте во квалитетите на трајно неспособниот премиер, крајно време е да се освестите и да сфатите дека за него дно не постои. Да, Ќуран може и подолу и полошо од Заев.

Ова е неверојатна прикаска од една чудесна земја со парадоксална и насила наметната северна придавка, дел од Западен Балкан кој припаѓа во Југоисточна Европа, Македонија, оксиморонска пародија од држава во која дезертери регрутираат професионални војници…