Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Како звучеше бугарската химна од Јужна?

Факт е дека добар дел од 20 и кусур илјадната публика синоќа на Националната Арена „Тодор Проески“ беше дојдена за да го истури гневот кон Бугарите поради сите блокади, сопки, лаги, пропаганди, негирања на јазик, нација, на жртви од фашистичката окупација и сѐ што источниот сосдед ни го сервира изминативе години врз база на Договорот за „пријателство“.

Синоќа пред натпреварот, како што е по протокол, почна со интонирањето на химната на гостинската репрезентација, во случајов бугарската химна „Мила Родино“ (Мила татковино). Само што почна химната целиот стадион пламна во свирежи и укања, па од бугарската химна на трибините едвај и да се слушна по некоја нота.

Неубаво, но бугарските власти веројатно ја примија пораката дека со таква деструктивна политика на понижување пријатели не се создаваат, туку само непријатели.

Remote video URL

Чисто за информација, не е прв пат Бугарија да гостува во Скопје. И порано на фудбалски натпревар била интонирана нивната химна, а свирежи едвај имало, тек-тук по некој. Ова синоќа беше невиден рекорд бидејќи во Скопје свиркани биле и химните на Кипар, на Англија, на Хрватска, на Србија, а во Струмица се свиркаше и онаа на Албанија, но ниедна со таков интензитет и страст како вчера. Како велат оние народните? „Како ти со мене, така јас со тебе“ или „Мило за драго“ или „Што си посеал, тоа ќе си жнееш“.

Она што македонската публика, а луѓе беа дојдени од најразлични градови, им го порачаа на Бугарите, е дека со омраза се добива само омраза. Исвиркувањето на „Мила Родино“ е продукт токму на таа омраза која цело време доаѓа од Бугарија и се вкоренува во секој граѓанин на Македонија, затоа што синоќа на трибините на „Тодор Проески“ не укаа само етнички Македонци...