Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Калајџиев: Системот пука по сите шавови, тој процес почна пред две години со непочитување на одлуките на Врховен

Професорот Гордан Калајџиев во вчерашното гостување во Телма телевизија вели дека уште пред две години укажувал дека правниот систем во земјата пука.

За почеток на ваквиот процес, Калајџиев го смета непочитување на донесените одлуки од страна на Врховниот суд.

-Гледаме дека системот пука по сите шавови, не е тоа ни најново. Јас укажував уште пред две години дека кога настана тој расцеп помеѓу Врховниот суд од една страна и Обвинителството, а на страната на Обвинителството застанаа Кривичниот суд и Министерството за правда, а наспроти Врховен со негова дисквалификација и непочитување на неговите одлуки. Тоа значеше распад на системот и очигледно продолжува да се распукува. За жал никогаш нема да дознаеме кои биле проблемите за кои постојат сомненија внатре во Финансиската полиција, за што има разни сериозни говорења, вели професорот Калајџиев.

За потсетување, Врховниот суд во 2019 година по поднесени иницијативи утврди начелно правно мислење дека СЈО по истекот на рокот од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија предвидени со Законот за кривичната постапка.

Ваквата одлука на Врховиот суд не беше испочитувана од Обвинителството кое беше поддржано од Кривичниот суд и Министерството за правда во водењето нa противзаконски судски случаи.