Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Канада е против реизбор на Русија во ИЦАО

Од: А1он

Канада ќе се спротивстави на реизборот на Русија во Агенцијата за воздухопловство на Обединети нации, изјави синоќа канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра на маргините на Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО).

dobivaj vesti na viber

– Важно е Русија да одговара за своите постапки и ние нема да ја поддржиме руската номинација во Советот, истакна Алгабра.

Тој додаде дека се надева дека и другите држави ќе го следат примерот на Канада.

– Разговараме со нашите сојузници и истомисленици за тоа што можеме да направиме за да одговориме колективно, посочи Алгабра.

Гласањето за избор на земји во 36-члениот Управен совет на ИЦАО ќе се одржи в сабота.

Русија го затвори својот воздушен простор за авиокомпании од 36 земји, вклучително и сите 27 земји-членки на Европска Унија, како одговор на западните санкции.

Собранието на ИЦАО составено од 193 земји, се одржува на секои три години, ова е прво од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Претставникот на Руската Федерација побара од Собранието да ги осуди јавните изјави и постапки на групата земји, „вклучувајќи го и воведувањето забрани за користење на суверен воздушен простор“.

Еврокомесарката Адина Валеан оцени дека Русија не треба да биде во 36-члениот Совет на ИЦАО.

Извор: МИА