Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Хорор во Скопје: Жена украла бебе од мајка - заврши зад решетки

Денеска (16.08.2022) полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, спореед пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје, информираат од МВР.

Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.

Надлежните информираат дека бил извршен разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров. Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.